понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 151
home Хроника

Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка: Две лица со тешки повреди итно пренесени во Ургентен

Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка: Две лица со тешки повреди итно пренесени во Ургентен

Две лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која околу 11:50 часот се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото викано Ливади, потврдуваат од МВР за Курир.

Од полицијата за Курир информираат дека во сообраќајката учествувале две возила.

-Сообраќајната несреќа се случила меѓу „Сеат Толедо“ управуван од Ќ.Т. (51) од Блаце и „Форд Мондео“ со кој управувал 45-годишниот Б.А. од Куманово. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентениот центар во Скопје, велат од МВР за Курир.

Полицискиот увид се уште е во тек, а како што претходно информираше и АМСМ сообраќајот на овоја патен правец е во прекин.

 

Коронавирус