недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Хроника

Сообраќајка на патот Кичево-Охрид, потешко повредени две лица

Сообраќајка на патот Кичево-Охрид, потешко повредени две лица

На магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, вчера во 19:35 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66).

Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете возила.

По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Коронавирус