среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Сообраќајка на патот Дебар-Маврови Анови: Две лица повредени

Сообраќајка на патот Дебар-Маврови Анови: Две лица повредени

Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Според информациите на СВР Тетово, во близина на Бошков мост, дошло до судир на две патнички моторни возила: „Опел корса“ со скопски регистерски таблици, управувано К.Н (60) од Скопје и „Мерцедес“ со дебарски ознаки, што го управувал И.М. (40) од Дебар.

Во несреќата, возачот на корсата, кој бил сам во возилото, се здобил тешки телесни повреди и заедно со возачот на „Мерцедесот“, кој завршил со телесни повреди, пренесени се во дебарската болница.

По укажаната лекарска помопш, скопјанецот е префрлен на скопските клиники, а дебрчанецот е пуштен на домашно лекување.

Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за несреќата, вкупната материјална штета и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа.

Коронавирус