недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка на патарината Тетово, повредени две лица

Сообраќајка на патарината Тетово, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 3:15 часот на наплатната станица Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во несреќата учествувале автомобили „Мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки што го управувал 33-годишниот Б.Б. од гостиварско Чегране, кој бил сам во возилото, и „Опел вектра“ со тетовски ознаки, управуван од 47-годишниот А.К. од тетовски Требош.

-Во несреќата, возачот и сопатникот во „опелот“ Ф.И.(49), исто така, од Требош задобиле повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, вели Јосифоски.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.