сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар: Загина турски државјанин, две лица итно префрлени на Клиника

Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар: Загина турски државјанин, две лица итно префрлени на Клиника

Tурски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар.

Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека пак возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.

По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.

Коронавирус