вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово, повредено младо момче

Сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово, повредено младо момче

На автопатот Скопје-Тетово вчера во 15:35 часот се случила сообраќајна незгода.

Во истата учествувале патничко моторно возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски  таблици управувано од Н.А.(64) од село Доброште и патничко моторно „Форд“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Р.(25) од Тетово.

Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус