понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 143
home Хроника

Сообраќајка на автопатот Градско-Велес, едно лице тешко повредено

Сообраќајка на автопатот Градско-Велес, едно лице тешко повредено

На делницата од автопатот Градско – Велес, вчера околу 18:45 часот, после наплатна рампа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат Леон“ управувано од М.Б.(25) од Битола и патничко моторно возило „Мерцедес А 200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (56) од Скопје.

Во незгодата  со повреди се здобиле сопатниците на двете возила, С.Б.(53) од Битола и В.С.(29) од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош  се пренесени во Општа болница Велес, каде им е укажана лекарска помош. Од страна на доктор кај С.Б. се констатирани тешки телесни повреди и истата е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

loading...