Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „23 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.П.(29) од Скопје и моторцикл „Априлиа“ со скопски регистерски ознаки управуван од Д.Л.(60) од Скопје.
Во незгодата Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.