сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Хроника

Сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл, две лица повредени во Скопје

Сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл, две лица повредени во Скопје

На 25.06.2019 година во 21:30 часот на улица „Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Вектра“, управувано од Б.Х.(38) од Скопје и мотоцикл „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(30) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(18), а возачот С.М. се здобил со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.