вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 4
home Хроника

Сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет во Скопје: Повредени две малолетнички

Сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет во Скопје: Повредени две малолетнички

Во сообраќајка која се случила вчеравечер меѓу автомобил и електричен тротинет, една малолетна сопатничка од тротинетот се здобила со тешки телесни повреди, додека малолетничката што го управувала тротинетот со телесни повреди.

– Вчеравечер во 22:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус