понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка кај Мокрино, двајца повредени

Сообраќајка кај Мокрино, двајца повредени

Вчера во 05,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Банско-село Мокрино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Сеат Алхамбра“ со струмички регистерски таблици, управувано од Д.Н.(58) од  село Мокриево, и трактор “ИМТ 539“ без регистерски таблици, управуван од  Т.В.(67) од село Борисово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката од тракторот Л.В.(66) од село Борисово и им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус