понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Хроника

Сообраќајка кај хотелот „Континентал“, сообраќајот во хаос

Сообраќајка кај хотелот „Континентал“, сообраќајот во хаос

ЦУКС известува дека на булеварот „Александар Македонски“ во насока на движење од кружниот тек кај Хотел Континентал кон излез на Скопје во близина на хотелот, се случи сообраќајна незгода.

Затоа Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.

Очевидци на местото на настанот велат дека сообраќајот е во хаос и дека колони возила се забележуваат дури до Автокоманда.

Локални избори 2021