петок, 23. август 2019. Вести денес: 46
home Хроника

Сообраќајка кај „Хоџа чешма“- 3 лица повредени

Сообраќајка кај „Хоџа чешма“- 3 лица повредени

Вчера во 14:20 часот во с.Ваксинце, Општина Липково, на место викано „Хоџа чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од Н.С.(76) од Германија и патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(27) од с.Ваксинце.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а на Ј.Х. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобил и сопатникот во возилото „Мерцедес“, К.К.(66) од с.Ваксинце.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.