понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 76
home Хроника

Со возило излетал од патот, тешко повреден маж од Гостивар

Со возило излетал од патот, тешко повреден маж од Гостивар

На 26.11.2021 околу 16:15 часот на автопатот Гостивар-Тетово, пред клучка „Камењане“ патничко моторно возило „хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.Б. (53) од Гостивар излетало од патот.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој е пренесен во клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Коронавирус