четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 10
home Хроника

Со туѓа лична карта влегла во Македонија, две лица уапсени на граничниот премин Богородица

Со туѓа лична карта влегла во Македонија, две лица уапсени на граничниот премин Богородица

Косовоска државјанка била приведена вчера на граничниот премин Богородица на излез од Мкаедонија

Како што информираат од МВР, Патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.П. од Скопје,вчера се пријавило на граничниот премин, а како сопатник во возилото била 34-годишната Ѓ.И.од Скопје.

При проверка на патните исправи, полициските службеници сe посомневале околу фотографијата на сопатничката Ѓ.И.. По извршен преглед, кај неа била пронајдена косовска лична карта на име 21-годишната В.А. од Косово.

Истиот ден во 03:30 часот таа остварила влез во Република Македонија на Граничниот премин Блаце со косовска лична карта. Таа била приведена и спроведена до Прифатен центар за странци во Гази Баба-Скопје за понатамошна постапка.

Возачот А.П. бил лишен од слобода и бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Коронавирус