сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Со туѓа картичка си пазарел од Алиекспрес, кривична пријава за скопјанец

Со туѓа картичка си пазарел од Алиекспрес, кривична пријава за скопјанец

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против И.С.(35) од Скопје за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

На 07.09.2017 година во фирма во село Визбегово, скопско, пријавениот, кој бил вработен во истата, при наплата со платежна картичка, прибавил податоци од истата, по што во периодот од 07.09.2017 до 09.09.2018 година од продажното место на интернет www.aliexpress.com, пријавениот, користејќи ги податоците од картичката извршил 47 нелегални трансакции.

Коронавирус