сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 100
home Хроника

Со сопругата и синот отишол во полиција да пријави физички напад врз неговиот син, па ги пресретнале сторителите и настанал хаос!

Со сопругата и синот отишол во полиција да пријави физички напад врз неговиот син, па ги пресретнале сторителите и настанал хаос!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицата И.Д.(51) и Н.Д.(49), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 24.11.2019 на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, оштетениот Р.Д.(47) од с.Чегране, гостиварско, со сопругата и синот пристигнале пред Полициската станица Гостивар за да пријават физички напад извршен врз неговиот син, при што се сретнале со пријавените лица кои физички го нападнале Р.Д. Првопријавениот при нападот употребил тврд предмет.

Од полициски службеници пријавените биле лишени од слобода, информираат од МВР.

Коронавирус