вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Со секира нападнато бездомно куче во Карпош

Со секира нападнато бездомно куче во Карпош

На само дваесети метри од полицискта станица Карпош, сцена како од хорор филм. Среде бел ден Карпошани ги вознемирил гласен крик од маалското куче кое една деценија е нивен миленик, пренесува Телма.

Соговорничката, чии идентитен не сакала да биде откриен, била прв сведок на немилиот настан, за телевизијата потврдила дека видела дека некој го удира кучето, но напаѓачот избегал.

Маалскиот миленик, веднаш го однеле на ветеринар – за среќа, велат успеале да го спасат, а лекарот им кажал дека длабоката рана веројатно е направена од удар со секира или сатар.

Случајот бил пријавен и во полиција, а од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Локални избори 2021