четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 107
home Хроника

Со остар предмет им се заканувал на гостите и на вработен во угостителски објект, едно лице завршило на Клиника

Со остар предмет им се заканувал на гостите и на вработен во угостителски објект, едно лице завршило на Клиника

Во СВР Скопје, вчера во 11:30 било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Втора македонска бригада“, М.Ж.(32) од Скопје со остар предмет се заканувал на вработениот Љ.В.(66) и на гостите.

Според пријавеното, Т.Н.(55) од Скопје, гостин во објектот, обидувајќи се да го запре М.Ж., бил нападнат со остар предмет од друг гостин, С.Б., при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус