среда, 24. јули 2019. Вести денес: 50
home Хроника

Со „Опел Вектра“ удрил во полицаец- кога ќе прочитате што пронашле во возилото се ќе ви стане јасно

Со „Опел Вектра“ удрил во полицаец- кога ќе прочитате што пронашле во возилото се ќе ви стане јасно

Утринава десет минути по полноќ на ул.„515“ во Скопје, патничко возило „Опел Вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено на ул.„512“.

Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на З.Н.(60) од село Желино, тетовско.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.