недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Со огревно дрво предизвикале штета на „Национални шуми“

Со огревно дрво предизвикале штета на „Национални шуми“

Одделение за внатрешни работи Кичево, поднесе кривична пријава против И.Б.(47) од село Желино, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ како и против Б.Б.(39) од селото Пласница, општина Македонски Брод, за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 02.11.2020 при контрола на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на планинскиот превој „Стража“, полициски службеници сопреле товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво, сопственост на првопријавениот.

Притоа, констатирале дека, во возилото има поголема количина дрвна маса од наведената во испратницата и дека постои разлика во времето кое е ограничено за транспорт од Шумското стопанство „Лопушник“ до правно лице сопственост на второпријавениот. На овој начин, пријавените предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Коронавирус