четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Со нож ја избодел мајка си, поднесено обвинение против скопјанец

Со нож ја избодел мајка си, поднесено обвинение против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, обвинетиот извршил семејно насилство и телесно ја повредил сопствената мајка, нанесувајќи и убод од нож во пределот на абдоменот. Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице., информираат од Обвинителството.

ЕУРО 2020

Македонија