четврток, 4. август 2022. Вести денес: 141
home Хроника

Со ноќен радар 27 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Со ноќен радар 27 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 20.00 до 24.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 27 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус