понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Со него направил сообраќајка, па му го украл автомобилот

Со него направил сообраќајка, па му го украл автомобилот

На 16.09.2020 во 21:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар „Први мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола.

Според пријавеното, потоа В.Т. со закана со остар предмет го одзел возилото на Д.Т. , но набргу бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Коронавирус