сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Со мотор удрил велосипедист, па избегал: Тешко повреден скопјанец

Со мотор удрил велосипедист, па избегал: Тешко повреден скопјанец
илустрација

На 06.07.2019 во 7:50 часот на крстосница од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(24) од с.Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје.

По незгодата мотоциклистот го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил О.И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.