сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 10
home Хроника

Со мотоцикл излетал од патот, повреден маж од Скопје

Со мотоцикл излетал од патот, повреден маж од Скопје

На 24.06.2019 годинa во 09.20 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, О.И.(33) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Ерси“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

О.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.