среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Хроника

Со мотика нападнат пожарникар додека гаснел пожар

Со мотика нападнат пожарникар додека гаснел пожар
илустрација

Во близина на патот Струмица-село Просениково вчера физички бил нападнат пожарникар, соопштија од ТППЕ Струмица.

Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, пожарникарот бил нападнат со мотика при вршење на работните задачи-гаснење на пожар на запалена трева покрај патот за селото Просениково и при тоа бил удрен во пределот на раката.

Нападот е пријавен во полицијата, а од ТППЕ Струмица потенцираат дека секој напад врз пожарникар-спасител за време на дожност се води како кривично дело, напад врз овластено лице од областа на безбедноста за кое се предвидени затворски казни.

Коронавирус