петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Со камион превезувал 79 мигранти, фатен од македонската полиција

Со камион превезувал 79 мигранти, фатен од македонската полиција

На 28.07.2019 година во 12,15 часот од страна полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ со полициски службеници од Р.Унгарија, во Гевгелија на место викано „Касарна“, сопрено било товарно моторно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци-Стојаково.

По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје. Во возилото биле пронајдени 79 лица- мигранти, а возачот на возилото  бил лишен од слобода за натамошна постапка.

Коронавирус