среда, 23. септември 2020. Вести денес: 59
home Хроника

Со Југо летнал во река, кавадарчанец се здоби со повреди

Со Југо летнал во река, кавадарчанец се здоби со повреди

Е.Б.(40) од Кавадарци е повреден откако со автомобил „Југо“ излетал од патот и паднал во реката.

Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила вчера во 20:30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко.

-Со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Коронавирус