петок, 3. декември 2021. Вести денес: 135
home Хроника

Со „јагуар“ удрил во пешак и комбе на паркинг во Скопје, повредена жена

Со „јагуар“ удрил во пешак и комбе на паркинг во Скопје, повредена жена

Жена е тешко повредена откако била удрена од автомобил на паркинг простор во Скопје.

-Вчера во 15 часот на паркинг простор од зграда на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автомобил „јагуар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ј.(76) од Скопје удрил во паркирано товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, паркиран од З.А.(29) од с.Долно Свиларе, скопско и пешак М.Ј.(74) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Коронавирус