сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 107
home Хроника

Со „Фиат Добло“ се превртел кај Богданци, возачот итно пренесен на скопските клиники

Со „Фиат Добло“ се превртел кај Богданци, возачот итно пренесен на скопските клиники

На регионалниот пат во близина на крстосницата с. Црничани – Богданци, вчера околу 12.30 часот, А.С. (29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот Д.П.(33) од Скопје, се здобил со телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус