недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Хроника

Со фалсификувани банкноти пазарел во маркет

Со фалсификувани банкноти пазарел во маркет

На 03.07.2019 во 10.40 часот во Полициската станица Пробиштип, вработен во маркет пријавил дека непознат сторител платил артикли во маркетот со банкнота која била фалсификувана.

По преземени мерки, во врска со настанот, во Полициската станица Пробиштип бил приведен С.Т.(56) од Свети Николе.

Кај него биле пронајдени и одземени две банкноти кои биле дадени на вештачење. Се работи на расчистување на случајот.