петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 12
home Хроника

Со фалсификат документи пробал да добие кредит од банка

Со фалсификат документи пробал да добие кредит од банка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ш.А.(33) од село Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина” и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Пријавениот набавил фалсификувана странска сообраќајна дозвола од моторно возило „Фолксваген Голф” и уверение на име на друго лице, за остварен престој надвор од Република Македонија, по што на 19.12.2012 година ги приложил во постапка за идентификација на наведеното возило во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Коронавирус