недела, 5. јули 2020. Вести денес: 110
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Хроника

Со две возила превезувале мигранти и возеле во спротивна насока на автопат, удриле во автомобил и побегнале

Со две возила превезувале мигранти и возеле во спротивна насока на автопат, удриле во автомобил и побегнале

Две патнички возила на автопатот Демир Капија – Неготино возеле во спротивна насока и направиле сообраќајна несреќа со трето возило. Полицијата при увидот пронашла мигранти.

-Вчера околу 21.30 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај с.Тремник, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од непознати возачи (кои возеле во спротивен правец), удриле во патничко возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(1962) од Неготино. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Н.(53) од Неготино, сопатничка во возилото „корса“, која била пренесена во болницата во Неготино за укажување на лекарска помош. Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила, велат од полицијата.

Како што велат од МВР, додека бил вршен увид на местото, околу 01:15 часот, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, не застанало на две патроли, удрило во возилото „опел корса“ и продолжило со движење, а по еден километар возачот застанал и го оставил возилото и со патниците побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Парламентарни избори 2020