Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Ќ.(26) од с. Јакимово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 13.07.2020 во 20:40 часот додека Д.К. бил со неговата девојка во патничко возило паркирано пред неговата куќа во Виница, дошол А.Ќ. и почнал да се заканува, а потоа со метални шипки физички го нападнал Д.К. и удирал по возилото, оштетувајќи го.