среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 8
home Хроника

Со четирицикл паднал на Плачковица, тешко е повреден

Со четирицикл паднал на Плачковица, тешко е повреден

На 29.04.2019 година во 15:30 часот во Полициската станица Виница, од Итна медицинска помош Виница било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен А.С.(26) од Виница.

Според пријавеното, А.С. се здобил со повредите откако паднал од четирицикл на планината Плачковица, на врвот Лисец.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во  болницата во Кочани, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.