понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Хроника

Со „БМВ“ застанал до друго „БМВ“ и им се заканувал со пиштол на гостиварец и неговата сопруга

Со „БМВ“ застанал до друго „БМВ“ и им се заканувал со пиштол на гостиварец и неговата сопруга

Непознато лице вчера околу 23:30 часот со пиштол му се заканило на Е.С. (25) од Гостивар и на неговата сопруга, по што испукало еден куршум во воздух и побегнало во непознат правец.

Како што информира МВР, додека ЕС бил паркиран покрај патот Тумчевиште-Чегране со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, до нив застанало друго возило „БМВ“. Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, а од него и неговата сопруга побарало да излезат од возилото.

Тогаш извадило пиштол и испукало еден куршум во воздух, по што со неговото возило побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус