вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 6
home Хроника

Со автомобил удрил во велосипедист, па избегал

Со автомобил удрил во велосипедист, па избегал
илустрација

На 21.04.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од Ј.К.(78) од село Добрејци, по што го напуштило местото на незгодата, информира МВР.

Притоа велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус