петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 61
home Хроника

Со автомобил удрил татко, мајка и дете- завршиле во охридската болница

Со автомобил удрил татко, мајка и дете- завршиле во охридската болница

На ул.„Илинденска“ во с.Велгошти, охридско, вчера во 19.30 часот патничко моторно возило „лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с. Велгошти, удрило во пешаците Ц.С. (26), Ј.С. (24) и дете.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Додека, кај детето не биле констатирани повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.