среда, 17. јули 2019. Вести денес: 115
home Хроника

Со автомобил удрил пешак и избегал- кавадарчанец итно пренесен во болница

Со автомобил удрил пешак и избегал- кавадарчанец итно пренесен во болница

На 25.03.2019 околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Народен Фронт“, „8ми Март“ и „Подлешка“ во Кавадарци, возило, управувано од непознат возач, удрило во пешакот А.Р.(67) од Кавадарци и го напуштило местото на настанот. Со тешки телесни повреди А.Р. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му била укажана помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расчистување на случајот, информираат од МВР.