петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Хроника

Со автомобил удрил мотоциклист и избегал: Тешко повреден скопјанец

Со автомобил удрил мотоциклист и избегал: Тешко повреден скопјанец
илустрација

На 27.06.2019 година во 07:45 часот на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило удрило во мопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(37) од Скопје и го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Ц.С. и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус