петок, 18. септември 2020. Вести денес: 120
home Хроника

Со автомобил удри пешак во Горно Дупени, па избега

Според МВР, несреќата се случила на регионалниот пат Ресен - село Царев Двор, а е пријавена вчера попладне. Со возилото управувало непознато лице кое веднаш избегало.
Со автомобил удри пешак во Горно Дупени, па избега

З.Ч. (51) од село Горно Дупени е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило со засега непозната марка и регистарски број.

Според МВР, несреќата се случила на регионалниот пат Ресен – село Царев Двор, а е пријавена вчера попладне. Со возилото управувало непознато лице кое веднаш избегало.

З.Ч. е пренесен во Медицинскиот центар – Битола.

Увид на лице место изврши екипа од Полициската станица – Ресен.

Коронавирус