недела, 19. мај 2019. Вести денес: 5
home Хроника

Со автомобил прегазил две жени во Кичево

Со автомобил прегазил две жени во Кичево

Во 15.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, 30-годишниот З.М. од селото Вранештица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Фронтера“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешаци.

Се работи за Ѓ.А.(32) и Т.Д.(36), двете од Кичево. Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде им била укажана лекарска помош, по што и двете била префрлена во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.