вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Хроника

Со автомобил излетале во тетовско, повредени четири лица

Со автомобил излетале во тетовско, повредени четири лица

На 10.09.2019 околу 9 часот и 50 минути, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Раковец – Боговиње, во тетовското село Боговиње, патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Р.(39) од тетовски Пирок, изгубило контрола над возилото и излетало од коловозот.

Според пријавеното, сопатниците А.Џ.(68) и Х.Р.(47) од Боговиње, како и малолетничка од Пирок се здобиле со тешки телесни повреди, а М.Р. со телесни повреди.

Четирите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Извршен е комплетен увид.