петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил излетале од коловоз: Две лица повредени

Со автомобил излетале од коловоз: Две лица повредени

На 19.04.2019 година во 00:30 часот на локалниот пат Мирковци-Сандево, скопско, патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од с.Мирковци, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29).

На двајцата им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус