петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 134
home Хроника

Со автомобил излетал кај Смилковското езеро, тешко повреден скопјанец

Со автомобил излетал кај Смилковското езеро, тешко повреден скопјанец

На 10.02.2019 година околу 09:00 часот на обиколница од автопат „Мајка Тереза“, кај Смилковско езеро, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(35) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.