сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 66
home Хроника

Со „Астра“ сакал да прегази полицаец, па се забил во полициското возило

Со „Астра“ сакал да прегази полицаец, па се забил во полициското возило

Вчера околу 20 часот во Радовиш на улица „Калаузлиска“, на земјениот пат кој води кон Шаин Маале се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ без регистарски ознаки, управувано од С.Р. (26) од Радовиш, и патничко моторно возило „Шкода Јети“ сопственост на МВР.

Незгодата се случила на тој начин што откако С.Р. го забележал полициското возило, се дал во бегство по земјен пат и во еден момент кога дошол до службеното возило се обидел да го прегази полицискиот службеник, кој успеал да се повлече, а С.Р. удрил во службеното возило.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус