сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 85
home Хроника

Скопски таксист возел лица од Куба кои нелегално биле во Македонија

Скопски таксист возел лица од Куба кои нелегално биле во Македонија

На 07.08.2021 во 00:10 часот во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници извршиле контрола во такси возило, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(47).

Притоа, во возилото биле откриени Д.С.Р.О.(24), Ц.П.Ф.(52) и Д.О.А.П.(20), сите од Куба, за кои по извршени проверки било констатирано дека незаконски престојувале во Република Македонија.

На лицата им биле издадени решенија за протерување на странец со забрана за повторно влегување, во период од една година.

Тие биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија за понатамошна постапка.

Коронавирус