сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Скопски таксист нападнал патник од Гевгелија: Му зел повеќе пари, па го истепал

Скопски таксист нападнал патник од Гевгелија: Му зел повеќе пари, па го истепал

Вчера во 00:50 часот во Полициската станица Аеродром, М.Е.(24) од Гевгелија пријавил дека на истата ноќ околу 23.35 часот на бул.„3 -та Македонска Бригада“ во Скопје физички бил нападнат од такси возач од непозната такси компанија.

Според пријавителот, тој претходно се возел во такси возилото „Форд“ на релација од Зелен Пазар до Ново Лисиче.

На наведената локација му рекол на таксистот да застане, а откако му рекол дека сметката е голема му дал повеќе пари и излегол од возилото и притоа посилно ја затворил вратата.

После тоа, такси возачот излегол и физички го нападнал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.