вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 197
home Хроника

Скопје како Див Запад: Десетици престрелки ниту една расчистена

Скопје како Див Запад: Десетици престрелки ниту една расчистена

Главниот град Скопје се повеќе изгледа како сцена од холивудските вестерн филмови. Мирот и безбедноста на граѓаните се загрозени, речиси и да нема месец во годината, а да нема брутална улична престрелка на криминалното подземје во Скопје.

Престрелката во саботата вечер ја згрози целата македонска јавност. Преполн хотел со пет ѕвездички на само 5 километри од центарот на градот беше изрешетан со повеќе од 30-тина чаури, ова беше сликата која гостите во хотелот Александар Палас ја затекна откако ги напуштија своите хотелски соби.

Пукано беше врз неколку лица. Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско, а напаѓачите се од скопско Арачиново.

Возилото марка ,,Фолсваген Туарег“ со кое беше извршен нападот, вчера беше пронајдено опожарено во Арачиново, а во него се наоѓале две автоматски пушки. Во хотелот беше причинета огромна материјална штета, а пријавено е дека на паркингот пред „Александар Палас“, било оштетено и возило „Фиат“.

Сепак како што веќе беше напоменато тука не се работи за изолиран инцидент па така во 2019-та година скопјани беа сведоци на десетици вооружени престрелки кои претходеа на она што во саботата се случуваше во Александар Палас.

За жал дел од престрелките на подземјето не поминаа само со материјална штета, да не заборавиме на двојното убиство пред СЈО кое се случи за време на викенодт кога Скопје е најраздвижено. Убиецот на младиот Мартин Јанушев заврши зад решетки по двегодишно бегство само откако самиот се пријави во полиција. Чаир минатата година беше сведок на две престрелки со смртоносни последици, а годинава се случи и смело бегство на затвореник среде бел ден. Во главниот град се случија и неколку холивудски грабежи на банки, а листата на неразјаснети убиства само се зголемува.

Да не заборавиме дека своевремено опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште за предвремените претседателски избори обвинуваше за предизборна коалција на Зоран Заев и СДСМ со криминалното подземје. Соработката според опозијата продолжи и за време на локалните избори период кога беше убиен независен кандидат за советник во Општина Кичево.

Коронавирус